Сум слушнал за најразлични видови на "лесни пари", но никогаш не ме привлекувало тоа. Иако сум успешен во мојот приватен бизнис, секогаш бев во потрага по нови нешта. Барав работа која што ќе ми обезбеди финансиска слобода и време за себе и своите најблиски.
Со Forever Living Products се сретнав преку мој близок пријател. Го знаев само жолтиот гел кој што е веќе широко распространет и многу луѓе го користат. Го разгледав каталогот и видов дека има многу голем асортиман на производи за различни намени. Земав неколку производи лично да ги пробам.
Потоа добив понуда да почнам да работам со продажба на истите. Најпрво бев скептичен бидејќи не сум тип што ќе оди со каталог во рака и ќе "им диши во врат" на луѓето се додека не почнат да те избегнуваат, бидејќи секое седнување се сведува на тоа да те убедува да порачаш нешто кое можеби и не ти е потребно.
Компанијата Forever Living нуди производи со лековити својства кои на сите ни се и повеќе од потребни, а од друга страна нуди можност за он-лајн продажба и напредок во кариерата како и безброј патувања, награди и признанија.
Во Forever Living сум дел од прекрасен тим кој несебично дава поддршка и мотивација да напредуваш. Благодарен сум што имам шанса да сум дел од овој тим кој што постојано те турка напред кон остварување на своите цели.
No comments:
Post a Comment