FOREVER FREEDOM содржи 88,9% чист Алое Вера Гел од Forever Living. Тој содржи хранливи материи кои го зајакнуваат имунолошкиот систем, ги ублажуваат воспалителните процеси и помагаат при заздравување на сврзните ткива. Во комбинација со глукозамин, хондроитин, метил сулфонил метан (МСМ) и витамин Ц, тој образува формула која исклучително лесно се апсорбира благодарение на течната форма. Глукозамин сулфатот го содржи тврдата обвивка на раковите (и други морски животни) и дејствува како основна единица за изградба на протеогликаните, големи молекули во ‘рскавицата и и даваат висока еластичност, а воедно и ја одржува течноста во ‘рскавицата, спречува непотребно разградување на ткивото и го регулира метаболизмот. Исто така, го потиснува дејството на ензимите и на некои хемикалии.
МСМ претставува неметално сулфурно соединение, кое што се среќава на многу места во природата. Сулфурот е третиот најраспространет минерал во човековото тело и е од витално значење за нормален раст и за регенерирање на организмот. МСМ е природна форма на органски сулфур и може да биде пронајдена во свежата храна, како што се овошјето, зеленчукот, месото, рибата и млекото. Но ако не се внесува доволно свежа храна, веројатноста да се снабди телото со неопходното количество МСМ е многу мала. Овој важен минерал мошне брзо испарува и вообичаено се губи при затоплување, сушење, варење, пастеризирање и при секаков вид на преработка на храна. МСМ ја смирува болката пред таа да стигне до мозокот и на тој начин дејствува како аналгетско и против-воспалително средство. Сулфурот во МСМ има важна улога за образувањето на каротин и колаген. Тој драстично ги намалува алергиите од храна и пчелниот полен и ја регулира киселината во стомакот.
Списокот на корисните својства на оваа состојка во FOREVER FREEDOM e бескрајно голем, но има и еден одличен ефект кој морам да го спомнам: ноктите и косата ќе почнат да растат побрзо од вообичаено и ќе бидат многу поздрави бидејќи во нив се содржи повеќе МСМ отколку во другите делови на телото.
СОСТАВ
Алое Вера Гел, сорбитол, природен сок од портокал, фруктоза, глукозамин сулфат, хондроитин сулфат, природна арома на портокал, метил сулфонил метан, аскорбинска киселина, лимонска киселина, калиум сорбат, натриум бензонат, токоферол (витамин Е).
FOREVER FREEDOM може да се користи сам или во комбинација со други производи од Forever Living Products во зависност од тоа за која намена ви е потребен, но за тоа ќе прочитате повеќе во некој од наредните постови.
No comments:
Post a Comment